Непоразениот во УФЦ Јанез повторно влегува во октагонот

Андријан Јанез, кој не загубил откако е дел од УФЦ, ќе се бори во октагонот против Ренди Коста на УФЦ Фајт најт 193 на 24 јули. Судирот е во петел категорија.

Јанез има биланс од 13 победи и 3 порази во ММА. Тој победи на 10 натпревари пред официјалниот крај (8 со нокаут и 2 со завршница). 27-годишниот Тексашанец е поранешен борец за Белатор, ЛФА и Фјури ФЦ. Тој е во импресивна серија од 6 последователни победи, од кои последната е во УФЦ.

Во ноември 2018 година, Јанез загуби со поделена одлука од Мајлс Џонс на ЛФА 55. Сепак, следуваа два брзи нокаути против Ворен Стјуарт и Микаел Родригез, а на крајот на ноември 2019 година, Јанез победи против Кајл Естрада, а потоа доби шанса во „Предизвикувачки сериии на Дана Вајт”. По само 39 секунди во октагонот Јанез импресионираше со нокаутирање на Бреди Хуанг, што му донесе договор со УФЦ. Во своето деби за најпознатиот ММА синџир во светот, Тексашанецот го нокаутира Виктор Родригез во првата рунда, а пред еден месец се случи истото и со Густаво Лопез, но во третата рунда.

Ренди Коста има биланс од 6 победи и само 1 пораз во ММА. 26-годишниот Американец ги доби сите свои мечеви со нокаут. Коста направи импресивна кариера во Кејџ титанс ФЦ, каде победи на 4 натпревари со нокаут во првата рунда, а потоа потпиша со УФЦ.

Во своето деби за најпознатиот синџир ММА во светот, Коста го претрпе првиот пораз – од Брендан Дејвис со принуда во втората рунда на УФЦ 236 на 13 април 2019 година. На последните две средби забележа две последователни победи. Во октомври 2019 година, Коста го победи Бостон Салмон со ТКО во првата рунда, а минатата година го победи Џорни Њусон за само 41 секунда на УФЦ Фајт најт 178.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО