Непоразен тешкаш потенцира дека Тајсон Фјури не е број еден: Јас сум најдобар во светот

Искусниот американски боксер, 23-годишниот Џеред Андерсон можеби нема доволно искуство, но затоа има огромна самодоверба кога ќе изјави дека е најдобриот тешкаш во светот.

На патот кон врвот покажа голема моќ и многумина му предвидуваат светла иднина, меѓу нив е и боксерската легенда Џорџ Форман.

Во својата четиригодишна професионална кариера извојува 16 победи, од кои 15 завршија со нокаут.

Тој во последниот меч на крајот на август со прекин во петтата рунда го совлада Украинецот Андриј Руденко.

Неодамна се потсети на својот спаринг со шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

„Спарирав со него во 2020 година и тоа беше одлично искуство. Фјури е одлично момче и неверојатно талентиран. Нашиот спаринг беше како игра шах. Долго време се надмудрувавме и се натеравме да работиме максимално напорно“, изјави Џаред Андерсон и на прашањето дали и понатаму мисли дека Фјури е најдобар на светот одговори:

„Немам коментар. Сите ќе го кажат тоа. Но, верувам дека сум најдобриот тешкаш во светот. Мислам дека не можам да грешам ако го кажам тоа сега“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО