Непоразен американски боксер подготвен да го шокира Канело Алварез

Американскиот боксер со порторикански корени Едгар Берланга се надева дека до крајот на годината би можел да договори меч против Канело Алварез и да стане светски шампион во суперсредна категорија.

Едгар (27 години) веќе некое време сака да се испроба против еден од најголемите боксери на денешницата, а сега е уште порешителен и истакнува дека е целосно подготвен за мексиканската ѕвезда.

Берланга има перфектна серија од 22 победи (17 нокаути), а последниот меч го имаше во февруари против Ирецот Падраиг Меккрори, кој заврши со прекин во шестата рунда.

Се искачува во редовите на најдобрите борци во суперсредна категорија, а се надева дека наскоро ќе добие шанса за голема борба.

„Канело се бореше против големите удирачи и големите борци, но чувствувам дека ќе донесам нешто ново во рингот што тој се уште не го испробал или доживеал“, изјави Едгар Берланга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON