Непобедениот олимписки шампион Ла Круз нокаутиран во Германија (ВИДЕО)

Во германскиот град Хале заврши традиционалниот боксерски турнир „Хеми куп“.

Големото изненадување се случи во финалето на категоријата до 81 килограм.

Олимпискиот победник и четирикратен светски шампион Хулио Цезар ла Круз изгуби со нокаут од Американецот Халил Кое.

Кое вешто фингираше и го собори со десно кроше Кубанецот кој со спуштени раце го чекаше ударот со левата рака.

Инаку, Кубанците доминираа на турнирот со освојување на златото во шест категории.

https://youtu.be/5K13Z6nSc78

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО