Бронзен медал на Жарко Арсовски за хет-трик на каратистите на Медитеранските игри

Жарко Арсовски (+84 кг) го освои бронзениот медал на карате турнирот на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија, и на најубав начин го заокружи настапот на нашите каратисти со три освоени медали – едно злато и две бронзи.

Во борбата за бронзениот медал беше подобар од италијанецот Симоне Марино на прв освоен поен по нерешените 1-1. Првично.го победи каратистот од Португалија Реис Филипе, додека во второто коло беше совладан од алжирецот Даики Хосин.

Жарко Арсовски прикажа добри борби кои се најва за Светското карате превнство, како единствен освојувач на медал од светските шампионати, дека може да сметаме на него, а со тоа и на борбите за медал обезбедување на олмписка виза за Токио 2020.

Да посетиме дека Берат Јакупи го освои златниот медал, а вчера Ненад Келебиќ бронзениот.

Резултати
+84 кг
Жарко Арсовски – Реис Филипе (Португалија) 1-1
Жарко Арсовски –  Даихи Хосин (Алжир) 1-9
За бронза
Жарко Арсовски – Симоне Марино (Италија) 1-1

-84 кг
Берат Јакупи – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 1-1
Берат Јакупи – Микеле Мартина (Италија) 3-0
Берат Јакупи – Дејан Цвркота (Србија) 2-1
Финале
Берат Јакупи – Жеси да Коста (Франција) 2-2

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО