Ненад Келебиќ: На Медитеранските игри „коцките се склопија“, се надевам дека ќе продолжам со истото темпо!

 

Освојувачот на првиот медал (бронзен) на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија, каратистот Ненад Келебиќ вели дека овој медал му е поттик да работи уште повеке и да прави уште подобри резултати.

Келебиќ кој го освои бронзениот медал во категоријата до 67 килограми важи за голем талент и од него се очекуваат добри резултати/медали на светската карате сцена. Неговата експлозија се случи на Медитеранските игри, а се оечкува тоа да се повтори на ЕП, СП и во Премиер лигата.

„Од нашата репрезентација имав поддршка, ама и очекувањ да освојам медал на големите натпреварувања. На Медитеранските игри „коцките се склопија“ и се надевам дека ќе продолжам со исто темпо“!

 

За чувството кога многу спортисти ќе бидеш прв што ќе се закитиш со медал Келебиќ вели:

„Многу ми значи што ја претставив Македонија во добро светло, со добри борби. Се надевам дека и на нашите спортисти во сите спортови ќе им даде „ветер во грб“ за освојување на медали“.

„Секако, мислам дека сум и за подобри резултати“, констатира Келебиќ!

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО