Немавме успех и среќа на Европското првенство-во кати!

kata reprezentcij

Нашите претставници во кати на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во  Цирих, Швајцарија, денес немаа многу успех и среќа.

Во кадетска конкуренција Анастасија Матеска стартуваше добро совладувајќи ја Бес Манти од Финска со 4-1, но наредното коло се соочи со Мелек-Еклем Таски од Турција и беше совладана со идентичен резултат, додека Константин Василевска загуби од хрватот Лука Бокарица со 5-0.

И во јуниорска конкуренција за кати натпреварите на Европското првенство ги започнавме со победа, бидејќи Марија Димоска славеше со максимални 5-0 над Александра Гогиќ од Србија. Потоа се сретна со Французинката Лаетитиа Фераси, која беше подобра и победи со 4-1. Фери Исиќ претрпе пораз од Русинот Вадим Кобзарев со 4-1.

Марија Матракоска во јуниори 21 беше поразена од Маргарита Мората-Матрос со 5-0.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО