Вероника Костовска-шампион на Европа!

Elvir i Veronika

Вероника Костовска од КК Кеикс стана европски шампион во категоријата до 54 клиограми во кадетска конкуренција отккао во финалето ја совлада Французинката Гвендолин Филипе со 5-0 на Европското првентсво за кадети, јуниори и јуниори 21 во Цирих, Швајцарија.

Veci portretОва е една од најубедливите победи на еден на наш претставник на европските првенства. Таа претходно ги совлада Марина Касерес-Кинонеро од Шпанија со 7-1, Кимберли Нелтинг од Холандија во судиско изјаснување 5-0, бидејќи претходно заврши со резултата 0-0, потоа ја декласираше Португалката Матијана Нелис со 8-0. Истата судбина во полуфиналето ја снајде и Ивет Горанова (Бугарија) 6-2, која на Балканското првенство со судиски мудрости ја победи на многу сомнителен  начин.

Veronika i Ace

Другите наши натпреварувачи немаа забележителни резултати.

ipon.mk./В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО