Зонен и Силва на средба со управителите на ВВЕ!

sonnen-bint

Изгледа дека повеќекратниот претендент за титулата на УФЦ, Каел Зонен и поранешниот шампион на Прајд, Вондерлеј Силва, ќе се состанат со гувернерите за борење на федерацијата ВВЕ (WWE) за време на настанот Вретслеманиа 31, со веројатност за преговори за заедничка работа.

 Зонен открива дека и двајцата се поканети, но не е сигурен дали Силва ја прифатил поканата.

 „Добив повик од ВВЕ. Ми рекоа дека имаат големо шоу во март. Размисли и дојди да зборуваме за некои работи. Ако ми купат авионски билет и билет за настанот, би се радувал што ќе одам таму. Не знам за што точно ќе зборуваме, но знам, дека исто така, и Силва е поканет. Не знам дали ја прифатил поканата и не знам дали тоа има врска со мојата покана“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО