Нема да прогласат победник на егзибицискиот меч Тајсон – Џонс

Спортската комисија во Калифорнија ретко дозволува борби без судии и победник, но викендов ќе направат исклучок. Комисијата соопшти дека нема да објави победник во мечот меѓу легендите Мајк Тајсон и Рој Џонс.

Викендов во Калифорнија ќе ги видиме ветераните во бокс меч, кој е закажан во 8 рунди од по две минути.

ВАДА нема да ги тестира и двајцата за употреба на канабис, што е добра вест за Тајсон. Железниот Мајк пуши квалитетна стока од неговата фарма со канабис секој ден и скоро сигурно би бил позитивен на тестирање.

Во интервјуата пред нивната борба, Мајк и Рој постојано велеа дека ова не е шоу, туку вистински боксерски меч. Тајсон се закани дека ќе бара нокаут, а Џонс дека нема да му остане должен.

Погледнете каква е борбената карта за овој викенд, во која ќе се судрат две легенди.

Главна карта:
Мајк Тајсон – Рој Џонс Јуниор
Џејк Пол – Нејт Робинсон
Баду Џек – Блејк Мек Кернан
Видал Рајли – Рашад Култер

Прелиминарни:
Јамајн Ортиз – Нахир Олбрајт
Ирвин Гонзалес – Едвард Васкез
Џузепе Кусумано – Ник Џонс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО