И УФЦ потврди: Ќе ги гледаме Мек Грегор и Пориер во јануари

Најавторитената ММА организација во светот – УФЦ, официјално го објави следниот меч на Конор Мек Грегор. Синџирот потврди дека поранешниот светски шампион во две категории ќе се соочи со Дастин Пориер на 23 јануари 2021 година.

Тие ќе се сретнат во главната борба на УФЦ 257. Мечот ќе биде во лесна категорија.

Мек Грегор (22-4) ќе влезе во октагонот точно една година откако за 40 секунди го победи Доналд Цероне-Каубојот. Поранешниот привремен шампион Пориер (26-6-1) загуби од Хабиб Нурмагомедов пред една година во борба за титулата, а кон крајот на јуни го победи Дан Хукер.

Ова ќе биде реванш за американскиот борец против ирската суперѕвезда. Пред шест години Мек Грегор победи со технички нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО