Нејт конечно им „одговори“ на Конор и Фергусон (ФОТО)

Нејт Дијаз конечно се огласи во врска со мечот меѓу Конор Мек Грегор. Отприлика …

Имено, популарниот борец целосно последниве неколку недели, но и месеци, кога се во прашање неговиот евентуален трет меч против УФЦ шампионот Конор Мек Грегор. Единствен истап во таа насока направи неговиот долгогодишен тренер кој тврдеше дека Нејт немал намера да влезе во октогонот за таков дуел без 20 или 30 милиони долари. Затоа што се претпоставува дека третиот меч со Мек Грегор ќе оствари продажба од 2 милиони ППГ преноси, јасно е дека Дијаз планира овој пат „до крај“ да наплати и не прифаќа трошки кои ги заработуваше во поголемиот дел од кариерата во УФЦ.

Но, откако Фергусон го победи Ли, а Вајт утврди дека меч против сегашниот привремен шампион е единстевната логична работа за УФЦC и Мек Грегор, Дијаз одлучи да остане настрана. Дека тоа  и не е премногу паметна идеа, се согласуваат повеќето MMA аналитичари. Всушност, денес живееме речиси во „ММА циркус“, кога зборуваме за боречката сцена, и само „валканиот говор“ на борците и носи голема популарност, изглед и на крајот на привлечност.

На почетокот на текстот утврдивме дека Дијаз конечно се огласи, но неговата порака може да ја прочитаат оние кои внимателно ги следат и да ги поврзуваат Инстаграм постовите на Мек Грегор и Фергусон – двајцата актуелни шампиони во лесна категорија. Диаз одговори графички, но многу експлицитно!

Прво Мек Грегор објави фотографија (графика) која е инспирирана од играта ГТА, на што „Ел Кучи“ одговори со неговиот „уметнички“ пост, за на крај да уследи и одговорот на Нејт на двајцата – во истиот стил. Сите три поста на Инстаграм може да ги погледните под овој текст.

На карјот со кого Конор Мек Грегор ќе се бори, веројатно ќе дознаеме во следните неколку дена. Засега сите четири страни (вклучувајќи го и УФЦ) калкулираат и ги градат своите позиции пред завршните преговори.

https://www.instagram.com/p/BaMcCsggao0/

https://www.instagram.com/p/BaN73KpDmHZ/

https://www.instagram.com/p/BaaWDMJnBWD/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО