Нејт Дијаз веќе е слобден агент

Зак Розенфилд, портпарол на американскиот ММА борец Нејт Дијаз потврди дека неговиот клиент моментално е слободен агент.

Дијаз беше отстранет од ранг-листата на УФЦ. Борбата со Фергусон беше последна за Дијаз во УФЦ. Во таа борба Нејт победи откако успеа да го задави во четвртата рунда. Дијаз претходно беше надвор од лигата на Дана Вајт повеќе од една година откако загуби на УФЦ 263 во јуни 2021 година од Леон Едвардс.

Победата над Фергусон во септември ја прекина серијата од 2 порази за Дијаз. Борбата беше последна од неговиот договор, но УФЦ има клаузула која бара да преговарате со нив 3 месеци откако ќе ви истече договорот. Розенфилд откри дека имало преговори кои биле водени на позитивен и пријателски начин.

Не беше постигнат договор и така Дијаз може слободно да оди на друго место. Најверојатно Американецот ќе тргне во бокс да се бори со популарниот блогер Џејк Пол. Останува да видиме каква ќе биде неговата одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО