Нејт Дијаз се враќа против Ентони Петис

ASCII

Се чини дека сепак Нејт Дијаз успеа да договори нова борба со УФЦ.

Во првиот меч по август 2016 година, 34-годишниот Американец ќе се бори против поранешниот шампион во лесна категорија Ентони Петис.

Дуелот ќе се одржи на тежина до 77 килограми на 17 август на УФЦ 241 во Анахајм на кој по втор пат ќе се борат Даниел Кормиер и Стипе Миочиќ.

Дијаз требаше да се врати на крајот на минатата година, но планираната битка со Дастин Пориер беше откажана поради повредата на Пориер. Последен пат во кафезот влезе во рвеаншот со Конор Мек Грегор, при што беше поразен со мнозинска одлука на судиите.

Петис во март успешно дебитираше во велтер категорија. Во втората рунда го нокаутира Стивен Томсон.

https://www.youtube.com/watch?v=C3zRsP-9VeY
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО