Лима го нокаутира МВП, Питбул стана првак на Белатор во две категории (ВИДЕО)

Шампионот на Белатор во перолесна категорија Патрицио Фреира (29-4) стана првак и во лесна категорија.

31-годишниот „Питбул“ за една минута го нокаутира Мајкл Чендлер (19-5) и му се придружи на Рајан Бадер како шампион на Белататор во две тежински категории.

Фреира со десен оверхенд го рушеше Американецот и го нападна во партер, а судијата ја прекина борбата. Чендлер се жалеше на пребрзиот прекин.

Мајкл Пејџ – Веном (14-1) во полуфиналето за Големата награда во велтер го забележа првиот пораз во кариерата. Даглас Лима (31-7) го заврши со брилијантна комбинација на почетокот на втората рунда. Бразилецот со лоу кик го исчисти Пејџ, потоа го погоди со десен аперкат додека се подигаше и го заврши со чекани.

Така Лима ќе добие шанса да си го врати појасот на Белатор во велтер категорија во финалето на Гранд прито во кое се сретнува со подобриот од мечот Рори Мек Доналдс – Нејман Грејс.

Поранешниот шампион на ВВЕ, Џејк Хагер (2-0) ја забележа и втората победа во Белатор. Кечерската ѕвезда со давење со рачен триаголник во средината на првата рунда го совлада ТЈ Џонс (1-2), кој инаку работи во кланица. Победаоат дојде со свиркање на публиката, бидејќи предолго го држеше зафатот.

Белатор 221:

Патрицио Фреира – Мајкл Чендлер (KO, Р1)
Даглас Лима – Мајкл Пејџ (KO, Р2)
АЈ МекКи – Пет Каран (едногласна одлука на судиите)
Џејк Хагер – ТЈ Џонс (сабмишн, рачен-триаголник, Р1)

https://www.youtube.com/watch?v=lKqqEF6zi6M
https://www.youtube.com/watch?v=nZnYd25I1co
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО