Фјури: Вајлдер никогаш веќе нема да има таква шанса да ме фати по три години дрогирање и алкохол, ментални проблеми и по загубата на 60 килограми. И пак не можеше да ме победи

Тајсон Фјури вели дека нема намера да учествува во предложената борба за задолжителен предизвикувач на ВБЦ против Дилиен Вајт.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија на 15 јуни боксира со Том Шварце во првата борба во новиот договор со ЕСПН и Топ ранг, заради кој се откажа од реваншот со Дионтеј Вајлдер.

Во нивната прва борба во декември Фјури ремиизраше со шампионот на ВБЦ. Иако во текот на борбата два пати се најде на подот, впечатокот е дека требаше да победи.

„Мислам дека во декември ќе го видиме реваншот“, рече во интервју за Behind The Gloves.

„Имаше животна шанса да ме победи. Не можеше. Никогаш повеќе нема да има таква шанса да го фати Тајсон Фјури во неговите 40 проценти по три години дрогирање и алкохол, ментални проблеми и по загубата на 60 килограми. И пак не можеше да ме победи. Дури и кога ме собори во деветата рунда и имаше две минути да заврши не можеше ништо да направи. Кога веќе бев нокаутиран во дванаесетата рунда и имаше две минути да ме заврши и пак ништо. Тој е ментално скршен, бидејќи знае дека ги примив неговите најдобри удари и се вратив и потоа го повредив“.

„Повоторно ќе видите како делам ќотек. Овој пат нема да може да живее од мене“.

Фјури ја отфрла идејата за меч за задолжителен предизвикувач на ВБЦ против Дилиен Вајт. Вели дека тој и онака е вистинскиот (линеарен) шампион и дека веќе ја отфрлил борбата за титулата, па зошто тогаш би се борел за задолжителниот предизвикувач.

„Не размислувам многу за тоа, бидејќи сум вистински светски шампион во тешка категорија. Ќе се борам со кого јас ќе сакам, кога ќе сакам и како сакам јас“.

„Не морам да се борам за меч за задолжителен предизвикувач, веќе имав борба Вајлдер пред себе пред некој ден без елиминационен меч. Значи, дефинитивно не ми треба ова. Но, мислам дека се однесуваат многу непоштено спрема Дилиен Вајт, кој веќе заслужи борба за титулата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО