Нејт Дијаз се предаде на полицијата! Го пуштија со кауција

Познатиот американски ММА борец Нејт Дијаз доброволно се предал во полициската станица во Њу Орлеанс (САД). Ова на социјалните мрежи го објави неговиот претставник Зак Розенфилд.

„Нејт утрово доброволно се предал во полицискиот оддел во Њу Орлеанс.

Со нетрпение очекуваме да ги претставиме сите докази и видео што покажува дека Нејт дејствувал во самоодбрана“, напиша Розенфилд.

Налогот за апсење на Нејт беше издаден откако на интернет се појави видео на кое се гледа како Дијаз дави маж во улична тепачка. Оваа постапка на Нејт може да му донесе казна од 8 години затвор.

Дијаз бил пуштен со кауција откако доброволно и се предал на полицијата. На Нејт, наводно, не му е ограничена движењето на кој било начин. Тој е слободен да си оди дома во Стоктон.

Се уште не е познато дали правните проблеми на Дијаз ќе се одразат на неговиот претстоен боксерски меч. Дијаз треба да се бори со Џејк Пол во август во Далас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО