Лук Рокхолд удри по УФЦ: Ни требаат повеќе луѓе како мене и Нгану

Лук Рокхолд објави дека се повлекува од боречките вештини по поразот од Пауло Коста.

Но, 38-годишниот американски борец сè уште не размислува за пензионирање. Имено, викендов ќе настапи во БКФЦ.

А деновиве Рокхолд уште еднаш изјави што мисли за УФЦ по неговото заминување.

Најголемата светска ММА организација ја нарече компанија за робови и додаде:

„Ме ограничија со разни договори, на еден додаваат други и така натаму, а тоа те обврзува додека не им истечат. Борете се според нивните услови и добијте ја платата што ја одредиле. Сега кога сум слободен, работите се поинакви. Сега сум јас, се борам по мои услови и против кого сакам за парите што мислам дека ги заслужувам.Така треба да биде во бизнисот со боречки вештини“.

Американецот се осврна и на поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану, кој не успеа да се договори и го напушти УФЦ.

„Френсис ме воодушеви, да. Има премногу послушни луѓе во оваа работа и затоа УФЦ е толку успешен. Тие играат по нивните правила и така УФЦ ги контролира борците. Да имаше повеќе луѓе како Френсис и јас, ќе беа рамноправни со УФЦ“, потенцира Лук Рокхолд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО