Дејвис и Гарсија продадоа над 1 милион ППГ

Борбата меѓу Џервонта Дејвис (29-0, 27 КО) и Рајан Гарсија (23-1, 19 КО), што се одржа минатата сабота во Лас Вегас, продаде околу 1,2 милиони платени прегледи во САД. Веста дојде од извори во Фајт фрикс јунит.

„Иако не можам официјално да ги потврдам конечните бројки во овој момент, јасно е дека оваа борба донесе незаборавен нокаут во рингот и го зацврсти Шоутајм како мрежа број 1 во боксот.

Знаевме дека овој настан ќе биде посебен и дека може да привлече публика која ги надмина љубителите на боксот.

Дејвис и Рајан докажаа дека кога најдобрите ќе се сретнат со најдобрите, спортскиот свет ќе го гледа тоа“, рече претседателот на Шоутајм спорт, Стивен Еспиноза.

Борбата Дејвис-Гарсија донесе и околу 22,8 милиони долари со пријавена публика од 20.842 во Т-Мобиле арената. Да потсетиме дека Дејвис победи со нокаут во седмата рунда, со што Гарсија го запиша првиот пораз во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО