Нејт Дијаз: Сакам да се борам со Чимаев, а кучката се жени во Чеченија

ММА ѕвездата Нејт Дијаз едвај чека да ја направи последната борба од договорот со УФЦ.

Дијаз е бесен на организацијата, затоа што не му дава борба. Нејт тврди дека една година бара дуел, но никој не сака да се бори со него. 37-годишниот Американец неодамна се измоча пред УФЦ институтот во Лас Вегас. Тоа беше протест, бидејќи Дана Вајт не го врати во игра.

Нејт планира да стане слободен агент, но мора да ја направи последната битка. Вајт рече дека сака да организира борба во јули меѓу Дијаз и Хамзат Чимаев, но тоа веројатно нема да се случи. Чимаев се ожени пред неколку дена и ќе оди на меден месец.

Дијаз избувна на социјалните мрежи против Чеченецот и повика на борба што е можно поскоро.

„Се обидувам една година и неколку месеци да се борам. Се обидов да се борам со Хамзат Чимаев, но тој беше повреден, имаше проблеми со визата и тежината.

Сега оваа кучка се жени, наместо да се бори со мене. Што е ова по ѓаволите? Сакам да се борам со вистински борец што е можно поскоро. Сакам битка во јули“, напиша Дијаз на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО