Белатор се засили со сериозен ММА шампион

Француската ММА ѕвезда Мансур Барнауи се приклучи на Белатор.

29-годишниот Барнауи се натпреварува во лесна категорија и има скор од 19-4 во ММА. Последен пат се бореше во 2019 година под знамето на ROAD FC. Потоа го победи Квон А-Сол со завршница во првата рунда од финалето на турнирот во категоријата.

Оваа победа му донесе титула во организацијата, како и еден милион долари. Барнауи е во серија од 7 последователни победи и нема пораз 6 години. Во кариерата загуби од докажани борци како Ислам Махачев, Кевин Ли и Матеуш Гамро.

Мансур победи со нокаут на 6 од своите мечеви и 12 со принуда. Неговите 4 порази се со судиска одлука. Се уште не е понзато кога и каде ќе го видиме во кафезот на Белатор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО