Нејт Дијаз порача дека лесно би го задушил Чарлс Оливеира

Многумина би сакале повторно да го гледаат Нејт Дијаз (37) во октагонот, но се чини дека УФЦ сè уште нема планови за него, бидејќи неговиот сегашен договор му остава уште една борба за најголемата светска ММА организација.

Неодамна се прошири приказната дека Хамзат Чимаев би можел да биде ривал на Нејт на почетокот на јули на УФЦ 276.

Дијаз на Твитер објави дека веста не е точна, а наведе дека се повредени Хамзат Чимаев и Конор Мек Грегор.

Американскиот борец ги загуби последните два меча, во ноември 2019 година од него беше подобар Хорхе Масвидал, а во јуни минатата година Леон Едвардс.

Нејт сака да се бори на 30 јули на УФЦ 277 и би сакал да настапи во велтер категорија.

А во порака на Твитер, тој го допре и најдобриот борец во лесна категорија Чарлс Оливеира, кој за време на викендот го победи предизвикувачот Џастин Гејџи во првата рунда со гушење:

„Нека се знае, лесно би го задушил Оливеира“.

Мечеви против Нејт Дијаз сакаат неколку борци, како Дастин Пориер, Хамзат Чимаев, Конор Мек Грегор, а на список неодамна се најде и Мајкл Чендлер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО