Нејт Дијаз ќе се бори во декември

Една од големите sвезди на УФЦ, Нејт Дијаз, објави дека ќе се бори во декември. 36-годишниот Американец верува дека има имагинарна титула и напиша дека ќе ја брани во декември.

Дијаз продолжува да тврди дека е најлошото копиле во УФЦ, иако не успеа да ја освои таа награда во борбата со Хорхе Масвидал. Нејт има скор 20-13 во ММА и победи само на една од последните четири борби во кафезот.

Тој е во серија од два последователни порази, а во јуни Леон Едвардс успеа да издоминира и да го победи со одлука на судиите. Нејт победи на 16 меча со завршница, а така загуби само три пати. Не е познато кој ќе биде неговиот противник, но последниве денови му се заканува на Дастин Пориер.

Тие двајца требаше да се бораат пред неколку години, но нивната средба не успеа. УФЦ сака Пориер да се бори со Чарлс Оливеира, но Дастин може да го избере Дијаз за поголема заработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON