Магомед Исмаилов и Владимир Минеев ќе се борат во октомври

Втората борба меѓу Магомед Исмаилов и Владимир Минеев ќе се одржи на 16 октомври. Тие ќе се борат во Сочи на настан на руската „Фајт најтс глобал“.

Пред 3 години ја видовме нивната прва битка, која беше доста оспорена. Тие не успеаја да победат и дојдоа до одлука која го наложи овој реванш. Исмаилов и Минеев се меѓу најголемите ММА ѕвезди во Русија.

Магомед има скор 17-2-1 во ММА и е во серија од 11 последователни победи. Тој доаѓа по победа со одлука над Штирков што ја забележа на крајот на 2020 година. Исмаилов заврши 12 од своите средби и не загубил со нокаут во ММА. Последниот пораз на Мага Исма беше во 2014 година од Ксавиер Фупа-Покам со поделена одлука.

Минеев е со учинок од 15-1-1 во ММА и е во серија од 7 последователни победи. Владимир доаѓа по нокаут победата над Ермеков, која ја забележа на крајот на 2020 година. Заврши 13 од своите мечеви и не загубил со завршница во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО