Недопирливиот крал на перолесна категорија! Александар Волкановски лесно го совлада Јаир Родригез (ВИДЕО)

Александар Волкановски ја одбрани неприкосновената титула во перо категорија.

Австралиската ѕвезда со мкаедонско потекло се соочи со привремениот шампион Јаир Родригез. Нивната борба беше насловна на настанот УФЦ 290, кој се одржа пред малку во Лас Вегас. Волкановски не му даде никакви шанси на Родригез и го совлада со нокаут.

Првата рунда започна мирно, а нешто подоцна Волкановски веднаш ја однесе борбата на партер. Јаир се обидуваше да застане на нозе, но тоа доведе до уште 2 соборувања од Александар. Родригез се обидуваше да упати удари од лежечка позиција, но Волкановски доминираше.

Алекс се обиде да го заврши, но не успеа. Без сомнение рунда за шампионот по доминацијата.

Во втората Јаир приземјуваше секакви удари за да го држи Волкановски подалеку. Двајцата разменија крошеа, а потоа Алекс ја скрати дистанцата и ја однесе борбата на партер. Јаир се обидуваше да застане на нозе, но тоа резултираше со уште 2 соборувања за шампионот.

Алекс има 6 нокдауни во овие 2 рунди. Волкановски целосно го контролираше мечот и постигнуваше удари. Лицето на Јаир е покриено со крв. Родригез едноставно не може да се спротивстави на пресијата на Волкановски. Доминација и во оваа рунда на Алекс.

Во третата рунда разменија лоу кикови и удари. Јаир беше за еден поен подобар и активен во стој. Волкановски удри со глава во брадата на Јаир и борбата беше прекината. Родригез реши да продолжи и му зададе висок удар на Волкановски.

Александар мавна тешка десница што го потресе Родригез и тоа беше почеток на крајот. Алекс силно го притисна Јаир, кој беше во дефанзива. Волкановски го удира со тупаници, а потоа го носи на партер. Следуваше дожд од удари, принудувајќи го Херб Дин да ја прекине борбата.

Волкановски победи со нокаут во последната минута од 3. рунда. По средбата Волкановски изјави дека мора да оди на операција бидејќи има проблем со раката. Тој изјави дека сака нова шанса против Ислам Махачев, но подготвен е и за Илија Топурија.

Волкановски е недопирливиот крал на перо категорија

Неверојатна изведба на Александар Волкановски. Австралиецот е незапирлив во перо категорија и ова е негова петта успешна одбрана на појасот во таа категорија. Јаир Родригез почна да се подигаше во третaтa рунда, но Волкановски брзо потсети дека едноставно нема рамен во категоријата до 66 килограми. 34-годишниот борец со македонски корени е еден од најголемите борци во историјата на овој спорт и едноставно ужива додека е активен на боречката сцена.

Резултати на УФЦ 290:
Главна карта
Александар Волкановски – Јаир Родригез со ТКО Р3, 4:19

Александар Пантоја- Брендон Морено со поделена одлука (46-49, 48-47, 48-47)
Дрикус Ду Плесис – Роберт Витакер со ТКО Р2, 2:23
Ден Хукер – Џалин Тарнер со одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Бо Никал – Вал Вудбурн со ТКО Р1, 0:38

Прелиминарни
Роби Лоулер – Нико Прајс со КО Р1, 0:38
Тацуро Таира – Едгар Чаирез (29–27, 29–27, 29–27)
Денисе Гомез – Јазмин Јауреги со ТКО Р1, 0:20
Алонзо Менифилд – Џими Крут со завршница Р2, 1:55
Витор Петрино – Марцин Прачнио со завршница Р3, 3:42
Камерон Саиман – Теренс Мичел со ТКО Р1, 3:10
Хезуз Агилар – Шенон Рос од КО Р1, 0:17
Естебан Рибовиц – Камуела Кирк (29–28, 29–28, 29–28)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО