Недановска извојува две победи на Европскиот џудо куп во Букурешт

135

Лилјана Недановска на Европскиот џудо куп за кадети во Букурешт, Романија, забележа две победи во категоријата до 63 килограми.

Недановска прво ја совлада Ванеса Пингелова од Бугарија со ипон, а потоа и Вилда Баклунд од Шведска, но во чевртфиналето загуби од фаворитката Јулија Кузменко од Украина, која и овозможи репасаж. Сепак, во репасажот Србинката Дуња Садику беше подобра од нашата џудистка.

Недановска во вкупниот пласман е девета.

На ЕК во Букурешт настапија 348 натпреварувачи, 220 мажи и 128 жени, од 25 држави.

Резултати
Лилјана Недановска – Ванеса Пингелова (Бугарија) 1-0
Лилјана Недановска – Вилда Баклунд (Шведска) 1-0
Лилјана Недановска – Јулија Кузменко (Украина) 0-1 ¼ финале
Лилјана Недановска – Дуња Садику (Србија) 0-1 репасаж