68 медали за македонските кик бокс клубови на „Трофеј Белград“, Шампион најуспешен клуб, Варадинова најдобар борец на татами

Македонските клубови се враќаат со 68 медали од Интернационалниот куп „Трофеј Белград“, а за најуспешен клуб е прогласен Шампион од Скопје, за што освои пехар, додека Македонската кик бокс маи таи федерација прими пехар за најтрофејна земја на првенството.

Викторија Варадинова е прогласена за најдобар борец на татами на „Трофеј Белград, бидејќи освои две злата во киклајт во категорите до 60 и до 65 килограми.

Претседателот Дејан Митровски – Урко доби плакета за посебен придонес и промоција во кикбоксот.

Освоени медали по клубови:

1.Шампион – 7 злата, 2 сребра, 3 бронзи.
2.Тим Зоран – 1 сребро, 5 бронзи
3.Гладијатор фајт – Штип- 1 сребро, 2 бронзи
4.Ас Делчево – 1 сребро, 1 бронза
5.Гладијатор – Неготино- 4 злата, 1 сребро, 1 бронза
6.Работнички Адора – 2 злата, 1 сребро, 1 бронза
7.Будо Велес – 1 сребро, 1 бронза
8.Комбат Радовиш  – 1 бронза
9.Про кик фемили – 1 злато, 1 сребро, 1 бронза
10.Гладијатор – Скопје – 2 злата, 5 сребра, 1 бронза.
11.Титан про – 1 злато, 1 сребро, 1 бронза.
12.Предатор – Куманово – 1 сребро
13.Лидер – Виница – 1 сребро
14.Максам Тим – 2 злата, 1 сребро, 2 бронзи
15.Енерџзи – Битола – 1 злато, 4 сребра, 2 бронзи.
16.Кавадарци – 1 злато, 2 бронзи
17.Куманово 2006 – 1 сребро
18.Патриот – К.Паланка – 1 сребро

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО