Дејан Митровски: Презадоволен сум од успехот на сите наши клубови и тренери

Претседателот на Македонската кик бокс маи таи федерација Дејан Митровски – Урко доби плакета за посебен придонес и промоција во кик боксот на Меѓународниот куп „Трофеј Белград“ и притоа го коментираше успехот на македонските клубови кои освоија 68 медали.

Митровски вели дека сите клубови одлично се бореле и меѓусебно се поддржувале и навивале секој за секого.

„Ова е братска и сестринска федерација која меѓусебно и низ околината шири една позитивна енергија. Меѓусебно поддржување, почитување и спортско хумано однесување.

Ние сме голема федерација и за одржување на наше државно првенство ни е потребна голема сала, бидејки немавме услови да го одржиме второто Државно првенство, затоа што немаше слободни термини изминативе викенди во големите сали во нашата земја, ова Интернационално првенство добро ни дојде за да ги видиме нашите борци до каде се подготвену, но и да стекнат нови поголеми искуства“, вели Митровски и додава:

„Горе-доле веќе ги имаме испланирано борците кои ќе бидат во составот на нашата репрезентација во оваа година на Светско јуниорско и Европското сениорско првенство. Јас сум презадоволен од успехот на сите наши клубови и тренери“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО