Брутален нокаут! Погледнете како изгледало лицето на Фергусон во моментот кога бил удрен (ФОТО)

Чарлс Оливеира на фантастичен начин оствари уште една победа во кариерата. Бразилскиот борец го победи Џастин Гејџи во првата рунда на настанот УФЦ 274 во Феникс со гушење од позади.

Но, тоа не беше борба во која тој ја одбрани титулата. Имено, ден претходно ја надмина дозволената граница за лесна категорија и му беше одземен шампионскиот појас.

За Бронкс тоа беше 11-та победа по ред и 33-та во кариерата!

Посебно интересен меч на главната програма беше пресметката помеѓу Мајкл Чендлер и Тони Фергусон.

И двајцата беа во губитничка серија, а победата им беше многу важна. А Чендлер до триумфот стигна со брутален нокаут во втората рунда.

Мајкл го удри Тони Фергусон во брадата со фантастичен преден удар и го испрати да спие.

Моментот кога Чендлер го удри Фергусон беше овековечен со фотографија која брзо се прошири на социјалните мрежи.

Таа е најдобар сведок на силата на ударот со кој Мајкл го нокаутира Ел Кукуј.

Со таа победа, Чендлер ја прекина серијата од два порази против Чарлс Оливеира и Џастин Гејџи.

https://twitter.com/MAKHACHEVMMA/status/1523144877264891904?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1523188680252264449%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fmma%2Ffoto-brutalan-nokaut-pogledajte-kako-je-izgledalo-fergusonovo-lice-u-trenutku-kada-je-dobio-udarac%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО