Не е Усик, не е Фјури: Бивол е број 1 кај боксерите

Дмитри Бивол е број еден меѓу боксерите – ова е категорично мислење на Еди Херн, копромотер на шампионот на ВБА во полутешка категорија (до 79,4 кг).

Херн го рангира Русинот како број еден во рејтингот на боксерите, без разлика на категоријата.

„Мое мислење е дека Дмитри Бивол е број еден во рејтингот на боксерите, без разлика на категоријата. Ова момче толку пати покажа импресивни перформанси. Толку многу луѓе ми кажаа дека тој е вистинско откритие“, изјави Херн за Спорт Аддикт.

Русинот има 21 победа во 21 борба, од кои 11 завршиле со нокаут.

Бивол ја одбрани титулата на ВБА во полутешка категорија. Во последната борба тој со едногласна одлука го победи Мексиканецот Жилберто Рамирез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО