Не е шега: Боп Сап ќе се бори против мечка на Нова година во Јапонија (ВИДЕО)

Американскиот ММА-борец, Боб Сап, на 31 декември на Кјокуген настанот во Јапонија ќе се бори против гризли мечка.

Не е никаква шега, туку вистинска организација на Јапонците кои секогаш имаат чудно чувство за шоу.

Ако Мајкл Фелпс се тркаше со ајкула, ова е веќе претерување. Боб Сап ќе биде оставен во кафезот сам со гризли мечка. Згора на тоа, ќе биде замотан со парчиња месо, за мечката да биде привлечена и предизвикана на контакт.

Очигледно, тој и главата ќе ја стави в торба за пари.

Освен Сап и гризлито, настанот ќе содржи уште неколку сосема „луди“ дуели. Еден професионален фудбалски тим ќе игра фудбал против екипа од околу стотина деца, еден бејзбол играч ќе се обиде да ја искористи услугата на јапонски тенисер со најбрз почетен удар, ќе има кикбоксинг двобои, лизгање, од се по нешто …

https://www.facebook.com/tbskyokugen/videos/1825993337473054/

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО