Луис Ортиз исвиркан по победата над Малик Скот (ВИДЕО)

luis-ortiz-monte-karlo

Навивачите во Монте Карло го исвиркаа Луис Ортиз (Куба) при победата над Малик Скот (САД) на галавечерта во овој град.

Средбата во 12 рунди беше исклучително досадна. Кубанецот три пати го испрати во нокдаун својот ривал, но не успеа да го нокаутира. При првиот се доби исклучително куриозитетна ситуација. Судијата му подаде рака на Малик Скот, кој со мака се исправи, додека се уште му одбројуваа.

По финалниот удар гонгот тројцата судии му ја дадоа победата на Ортиз.

Кубинецот го направи официјалното деби за промотерската компанија Мечрум. Тој не беше доволно агресивен и не го оправда имиџот на злобен нокаутер. Ова беше 26-та победа (22 со нокаут) за Ортиз, кој најверојатно повторно ќе се бори на 10 декември во Манчестер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО