Димитров и Фејзула во осминафиналето на СП во самбо во Софија (ФОТО)

sambo-reprezentacija-na-sp-sambo-vo-sofija-2016

Ристо Димитров и Амра Фејзула имаа по една победа и пораз на Светското првенство во самбо во Софија – Бугарија,  а Александар Петковски беше поразен исто така во осминафиналето, на првиот настап на СП.

Димитров и Петковски настапија во комбат самбо, а Фејзула во спорт.

risto-edo-i-aki-na-sp

Димитров првата борба ја доби со целосна доминација, а на патот за четвртфиналето беше сопрен од борецот на Монголија, кој со влез во нозе ја стопи предноста на нашиот репрезентативец и можноста да се пласира меѓу осумте најдобри борци во светот и да се вклучи во борбите за распределба на медалите.

Конкуренцијата беше исклучително силна.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО