Наташа Стефановска и Берат Јакупи стигнаа до четвртфиналето на ЕП, погледите свтрени кон Емил Павлов

Берат Јакупи и Наташа Стефановска имаа најголем дострел во борби на Европското карате првенство за сениори во Гвадалахара, Шпанија, стигнувајќи до четвртфиналето. За жал на сите нас, нивните противници не се пласираа во во финалето, така што останаа и без можноста преку репасажот да се борат за бронзениот медал. Полседната надеж е европскиот шампион Емил Павлов чии настапи се во тек.

Да потсетиме дека претпалднево Пуликсенија Јованоска во кати се избори за борба за бронзениот медал.

Резултати

Kати
Пуликсенија Јованоска

– 23,8 поени (16,66 + 17,4) – прва во 4 група

-23,98 поени (16,66 + 7,32) – трета во втората фаза, прва е Сандра Санчез (Шпанија) со 25,74 поени а втора е Дилрара Елтемур (Турција) со 24,94 поени

-24,22 поени (17,08 +17,4) – трета во третата фаза, повторно Санчез прва – 27, 64 и Елтимур втора – 25,74

За бронза
Пуликсенија Јованоска – Александра Ферачи (Франција)

Фери Исиќ – 21.82 поени (15,40 + 6,42) – петти во 3 група

Борби жени
-50 кг
Сара Радичевска – Магдалена Маковска (Полска) 3-1
Сара Радичевска – Нуране Алијева (Азербејџан) 1-3

-55 кг
Симона Заборска – Габриеле Марозаите (Лихтенштајн) 1-1, победа за Марозаите

-61 кг
Наташа Стефановска – Елефтерија Кудунаку (Грција) 0-0
Наташа Стефановска – Кимберли Нелтинг (Луксенбург) 1-0
Наташа Стефановска –  Анита Серогина (Украина) 0-1

-68 кг
Моника Стефановска – Јохана Кнер (Германија) 0-2

Борби мажи
-60 кг
Емил Павлов – Рене Адлер (Словачка)

-67 кг
Фаик Весели – Рафиз Хасанов (Азербејџан) 1-3

-75 кг
Азиз Исмаил – Ерман Елтемур (Турција) 1-3

-84 кг
Берат Јакупи – Макартич Газарјан (Ерменија) 4-0
Берат Јакупи – Ваидотас Доброволкис (Литванија) 6-0
Берат Јакупи – Џими Хаг (Шведска) 1-0
Берат Јакупи – Иван Квесиќ (Хрватска) 0-2 

+84 кг
Жарко Арсовски – Танел Паабо (Естонија) 1-2

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО