Наскоро ќе старутва Македонската боксерска лига за деца

Наскоро ќе стартува Македонската боксерска лига за деца од 10 до 14 години во организација на неколку клубови од нашата земја.

Учесници во оваа лига ќе бидат Аперкат, Пинк Пантер, Шкупи, Шкендија, Тим Чатлекси, Бокс академијата Мумин. Можно и други клубови да се придружат на оваа  идеа.

Средбите ќе се одржуваат секој последен викенд во месецот и тоа во: февруари, март, април, мај, септември, октомври и ноември.

„Ова ќе биде шанса децата да дојдат до искуство, бидејќи на повозрасни години не се собира. Ова е иницијатива на клубовите, за да соберат поголемо искуство до времето кога ќе треба да се соочат со противниците во јуниорска и сениорска конкуренција. Од сега да го фатат ритамот на вежбање во големите лиги“, изјави еден од иницијаторите на оваа идеа, Александар Арсовски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО