Напнато меѓу Коста и Ветори пред борбата

Пауло Коста и Марвин Ветори се соочија последен пат пред нивната борба. Ова се случи по мерењето во Лас Вегас. Ветори не е среќен, бидејќи очекуваше борба во средна категорија, но неколку дена пред настанот се дозна дека Коста не може да влезе во категоријата.

Пауло е многу потежок и тоа го принуди УФЦ да ја смени борбата во полутешка категорија. Така Ветори ќе инкасира 20% од платата што Коста ќе ја заработи во Лас Вегас. Сепак, ова очигледно не е доволно за него. Ветори не беше многу среќен и пред борбата му покажа средни прсти на противникот.

Шон Шелби мораше да застане меѓу нив за да ги спречи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО