Бадр Хари ќе биде коментатор на Глори Колишн 3

Легендата на кик боксот Бадр Хари ќе биде коментатор на настанот Глори Колишн 3 што ќе се одржи вечерва во Холандија. Хари ќе ја има честа да ги коментира коглавната и главната борба на гала вечерта. Бед бој ќе ги коментира битките на двајца поранешни ривали.

Во главната битка на вечерта ќе видиме трета борба помеѓу Рико Верховен и Џамал ​​Бен Садик. Рико својата титула ќе ја заложи против опасниот борец од Мароко. Бадр речиси сигурно ќе се приклони кон својот сонародник.

Коглавната битка ќе го означи враќањето на Гохан Саки во Глори. Тој ќе се бори во тешка категорија со Џејмс МакСвини. Ќе видиме како се снаоѓа Хари пред микрофонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО