Напднале девојка и станале заложници на нејзините нозе, Бразилката ги давела со џиу џицу зафат! (ВИДЕО)

pokusaj pljacke-crop

Моник Бастос им покажа на крадците дека не треба да сигурни кога напаѓаат жена. Бастос е ММА борец од Бразил, која била нападната, но арамиите ни во сон не претпоставувале со кога со имаат работа.

Моник се враќала од тренинг со пријатели, кога двајца им пришле и им ги побарале мобилните телефони заканувајќи им се. Таа веднаш се одбранила, а едниот од крадците го фатила како заложник додека да дојде полицијата. Момчето врескаше и пискаше приклештено од истренираните нозе на Моник, која со триаголник го давеше, додека го снимаа за цел свет да го види неговиот срам.

„Се враќавме од тренинг, кога пристигнаа на мотоцикл и ги побараа нашите телефони. Се обидов да го сочувам мојот телефон кога сфатив дека не се вооружени. Кога се обидоа да побегнат им го кренав задното тркало на мотоциклот и паднаа на земја. Типот кој ми го зема телефонот побегна, но го фатив другиот”, вели Моник.

Полицијата дошла и по 15-тина минути го нашла и вториот соучесник. Ова не било првпат Моник Бастос да биде нападната.

„Ова ми се случувало и порано. Исто така двајца еднаш имаа ножеви, но успеав да се одбранам и да си го вратам телефонот со помош на вештината џиу-џицу. Тоа е ризично, но го направив за да се одбранам и себеси и пријателите“.

https://youtu.be/RzqVDxDAiPU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО