Најуспешна година на таеквондо ИТФ Македонија

Marjanco Lazarevski portret

Таеквондистите на ИТФ Македонија, а во организцаија на ТК Хва ранг ИТФ ја организираа редводовната преедновогодишна свеченост во Охрид.

HVa rang nagradi

Тренерот и потпретседател на ИТФ Македонија, Марјанчо Лазаревски, искажа задоволство од годинашниве резултати, бидедјќи репрезентативците освоија голем број на медали и признанија, како и на настапите на клупско ниво.

„Вечерва сме тука за да направиме ретроспектива на натпреварувачката 2015 година и да ја одбележиме како една од најуспешните години во историјата на таеквондо ИТФ во Македонија. Годината што изминува ја одбележаа многу настани, а како почеток на сè беше семинарот со професорот сениор град мастер Ким Унг Чол, црн појас 9 дан. Во светот има само двајца луѓе што имаат чест да го носат тоа звање, а ние во февруари ја имавме честа да учиме од еден од врвните мајстори на таеквондото во светот“, изјави Лазаревски и додаде дека потоа следувале многу натпреварувања на кои учествувале во Европа и од кои се вратиле со многу медали, што него, како тренер, го прави особено горд.

hva rang nagrdai 2

Од Хва ранг се заблагодарија и на медиумите кои несебично ги поддржуваат во нивните настапи, како и на главните покровители на клубот ПН Метал и Нома метал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО