Головкин остана без прилика за напад на ВБО појасот

Gennady-Golovkin

Генадиј Головкин, ВБА (супер), ИБФ, ИБО и привремен ВБЦ шампион во средна категорија, деновиве дозна како остнал без можноста за напад на ВБО титулата, која од овој викенд ја има британскиот боксер Били Џо Сандерс.

Головкин планираше борба со поранешниот шампион во ВБО, Енди Ли, но Ирецот го изгуби појасот, според некои, контроверзна судиска одлука, во меч што се одржа на Манчестер арената. Во целата приказна, лошата вест за Головкин, но и повеќето фанови, е дека Сандерс нема намера да стапне во рингот со големиот Казахстанец. Тој има голема почит спрема ГГГ и освен во случај на понуда од четири милиони британски фунти, не сака да се бори со него во текот на следните 18 месеци.

Да потсетиме, ова е втор голем меч за кого Головкин ќе мора да почека. Пред околу една недела од ВБЦ беше соопштено објави дека на него и Алварез ќе им овозможат по една доброволна одбрана на појасот, за во текот на овој период се зголеми интересот за нивната средба кој се планира за септември следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО