Најмладите џудисти настапуваат на Балканското првенство во Солун

Пионерската џудо репрезентација на Македонија ќе учествува на Балканско првенство за пионери во Солун, Грција, на 29 и 30 јули.

Боите на Македонија ќе ги бранат, пионер(к)и: -34 кг Марио Нелоски, -42 кг Андреј Симоноски, -66 кг Христијан Глигороски, -73 кг Орде Трајкоски, -32 к Ангела Боровчанин, -40 кг Кристина Мишевска, -48 кг Емилија Поповска и + 63 кг Благица Колева.

На првенството треба да учествуваат 10 балкански држави.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON