Најголем успех на македонските борачи светските пренвства за ветерани, 5 медали – 3 сребра и 2 бронзи

Македонија го забележа најголемиот успех на Светските првенства за ветерани во борење слободен стил откако тешкашот Алекасандар Стојанов (130 кг, А-категорија) го освои третиот сребрен медал,односно петти за нашата репрезентација со бронзите на Игор Мицевски и Иса Фејзула.

Стојанов во борбата за златниот медал не успеа да ја освои светската титула,бидејќив Дуане ван Штаден од Јужна Африка беше подобар во финалето ис лавеше против нашиот тешкаш Иле Горгиев загуби од Американецот Џордин Хемфри во А-категорија до 70 кг за бронзениот медал со 0-6.

Најмладите ветерани се најинтересни и најатрактивни,бидејќи некои од нив се уште се активни борачи.

Покрај големиот успех, мора да се истакне и одличната организација на Светското првенство. Затоа ги очекуваме Европските првенства за пионери и млади сениори во 2020 година

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО