Бошко Заборски: Со 4-те медали на Кроација опен картистите на Макпетрол презентираа врвно и модерно карате

По завршувањето на Кроација опен 2018 во Риека, Хрватска, тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, вели дека е многу задоволен од постигнатите резултати – освоени 5 медали од кои 1 сребрен и 3 бронзени, на турнир на кој учествуваа 1915 каратисти од 25 држави во сите возрасни категории, а од Македонија 44 каратисти, а се освоија само 5 медали.

„Затоа сакам да потенцирам дека сите наши натпреварувачи оставија извонреден впечаток и презентираа едно врвно и модерно карате на овој високо рангиран европски карате турнир кој се одржа во Ријека“, констатираше Заборски.

Да потсетиме дека медалите за Макпетрол ги освоија  Моника Пендароска (-55 кг, борнза) и Давид Петков (67 кг, бронза), а кај помладите сениори (У-21),  Петар Спасеновски (-84 кг) го освои сребрениот медал, а Давид Петков вториот бронзен.

Високи пласмани остварија Петар Заборски (-75 кг) и Петар Спасеновски во сениорска конкуренција, додека Глигор Петков (-75 кг), и Давуд Рамаданоски (-68 кг) во јуниорска конкуренција,кои беа петти.

„Сите тие се бореа за влез во финале но загубија и потоа и во репасажните борби не успеаја да освојат медал“, констатира Заборски, додавајќи:

„Посебно се истакнаа репрезентативците кои настапија во сениорска конкуренција Моника Пендаровска, Петар Заборски, Давид Петков и Петар Спасеновски, поголемиот број од нив имаа помеѓу 8 (осум) и 10 (десет) борби. И покрај тоа, за цело време не покажаа знаци на замор и секогаш реагираа одлучно и правовремено во секоја ситуација. Освојуваа голем број на поени и просто ја пленеа хрватската публика со својата техничка дотераност. Оваа млада генерација на Макпетрол, сега веќе со видно променет стил и извонредна кондициска подготвеност ќе ја радува македонската јавност и во иднина со многу резултатски постигнувања“.

Резултати
Сениори
-55 кг
Моника Пендароска – Нина Зупанчиќ (Словенија) 5-0
Моника Пендароска – Дина Дурмиш (Србија) 0-0
Репасаж
Моника Пендароска – Јулија Рајтер (Австрија) 1-0
Моника Пендароска – Тал Харше Бен (Израел) 6-0
За бронза
Моника Пендароска – Моника Бургерова (Чешка) 6-0

У-21 помлади сениори
Моника Пендаровска – Пизагија Анита (Италија) 2-0
Моника Пендаровска – Ек Ронја (Норвешка) 8-0
Моника Пендаровска – Ноеми Салерно (Швајцарија) 0-3

-67 кг – сениори
Давид Петков – Леонардо Гаетани (Швајцарија) 10-0
Давид Петков – Стјепан Штимац (Хрватска) 2-0
Давид Петков – Томас Касерер (Австрија) 0-4
Репасаж
Давид Петков – Алан Деспоис (Франција) 8-0
За бронза
Давид Петков – Дино Поврзениќ (Хрватска) 1-0

-84 кг У-21
Петар Спасеновски – Кевин Гулиот (Франција) 2-0
Петар Спасеновски – Иван Баждар (Хрватска) 0-0
Петар Спасеновски – Матеја Рогозарски (Изреал) 2-0
Финале
Петар Спасеновски – Јоел ван Моеркерк (Холандија) 2-7

-67 кг – У-21:
Давид Петков – Романо Џовани (Италија) 6-2
Давид Петков – Марко Џиан Пачино (Италија) 8-0
Давид Петков – Лука Кондиќ (Хрватска) 0-0
Давид Петков – Доминик Микула (Чешка) 1-2
За бронзен медал
Давид Петков – Јован Цириќ (Србија) 1-1

– 75 кг
Петар Заборски – Навас Аксел (Франција) 1-0
Петар Заборски – Визард Кристијан (Италија) 5-1
Петар Заборски – Томислав Хајербак (Хрватска) 1-0
Петар Заборски – Гарибовиќ Енес (Хрватска), 0-2 полуфинале
Патар Заборски – Брунер Филепе (Швајцарија) 3-3, победа со прв земен поен

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО