Најдоброто од УФЦ 209 на успорена снимка (ВИДЕО)

Реваншот меѓу Тајрон Вудли и Стивен Томпсон малку го расипа впечаток за УФЦ 209 кој беше исполнета со неколку многу добри и интересни борби.

Минатиот викенд не недостигаше акција, тоа ќе ни го потврди и најновото видео на „Борба во движење“ кое собира привлечни и атрактивни моменти кои се случија во октагонот во Лас Вегас во Т-Мобиле арена.

Големиот пресврт на Дарен Елкинс во борбата со Мирсад Бектиќ, коленото со кое Алистер Оверем го нокаутира Марк Хант и многу акции во поднасловната борба на вечерта (Дејвид Тејмур против Ландо Ваната), само се дел од она на што треба да се присетиме.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО