Азиз Исмаил: Нема да дозволам да ми ја оцрнат титулата – победата е заслужена!

Имено тренерот на КК Макпетрол веќе неколку дена постира некои скратени снимки од финалната борба помеѓу мене и нивниот натпреварувач, вели државниот првак во сениорска конкуренција во категоријата до 75 килограми, Азиз Исмаил од Метлург, како реакција на оспорувањата од противничката страна .

„Почитуван Заборски, од досегашните 6 борби со Вашиот натпреварувач, забележав 4 победи, а тој 2. Во сите 4 победи Вие излеговте со изјава дека вашиот натпртеварувач е оштетен и дека јас сум привилегиран од страна на судиите. Наместо скратените снимки кои ги прикачивте, требаше да ја прикачите цела финална борба, така на јавноста нештата да и станат уште појасни. Го разбирам Вашиот револт и ве почитувам како врвен тренер но нема да дозволам да ги оцрните моите постигнувања, мојот труд и моите успеси. Ова го прифаќам како неспортски однос и непочитување на мојата спортска кариера. не е спортски по секоја моја победа да излезетее со изјава „оштетени сме“. Не е спортски по секоја моја победа да изјавувате „Азиз е подржан од судиите“. Не е спортски по секоја моја победа да не го признаете поразот. Не е спортски зад секоја моја победа да барате виновници од страна, наместо сами да се критикувате и да си ги барате грешките. Го подржувам мојот тренер Мирче Јанушевски за неговата изјава и повторувам „победата е заслужена“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО