Македонскиот бисер порано беше синоним за турнир на кого беше чест да дојдат многу познати борачи, но како што минуваа годините, особено во последните неколку години, ја изгуби атрактивноста и кај нас и во странство. Бројот на учесници од лани, но и оваа година, зборува за незаинтерсираноста на федерациите за борење да испратат свои натправарувачи на Македонскиот бисер. Секако дека и настаните во Кумнаово имаа влијание на годинашното издание.
Сепак, за разлика од минатите години турнирот по некои работи стана интересен и доби заслужен одглас во Обеднитетата светска федерација (ОСБ), односно незината веб-страна, потоа на официјалната страница на првите Европски игри во Баку, Азербајџан, многу регионални медиуми, но и во Русија.
Оваа медиумска презентација на македонското борење е заслуга на извонредната организација на 39-тото издание на Македонскиот бисер, за која се потрудија, пред се, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации на Македонија, со помош на Општина Радовиш и Федерацијата за боречки спортови на Македонија.
Бисерот личеше како Европско првенство. Што придонесе за тоа?!
Како прво, имаше лед-дисплеј од 16 метри квадратни, што до сега не се случило, така што спорните моменти можеа да се гледаат веднаш, и тоа од сите: борачите, тренерите, судиите и публиката.
Второ, го немаше она рачно мерење на времето и рачно бодување, туку тоа се правеше дигитално. За прв пат е купена програмата на ОСБ, така што таа сега останува во Федрацијата и ќе може да ја користат за сите натпреварувања. Трето, платени се сите лиценци на судиите од страна на Федерацијата на спортови.
Поради сето ова и неколкуте квалитени борби, делегатот на ОСБ, Станислав Шернак од Словенија, напишал најдобар извештај за Македонскиот, што секако има влијание во свтестката федерација.
Значи, досега е направен најквалитетниот Македонски бисер, и тоа со најмалку пари. На поранешните изданија се трошеле и по трипати повеќе. Одговорните ќе мора прво на себа, а потоа и на другите, да дадат одговор зошто било така до сега. Дали секогаш треба да се чека некој од страна правилно да ги насочува работите?!
Дигитализацијата требаше да ја имаме одамна, а за другите технички достигнувања и да не зборуваме, бидејќи тие го прават борење подостапно до сите и поатрактивно. Лед системите се позната работа, чудно е како нокој до сега не се сети да ги употреби. Не треба да се чека друг да го решаваа проблемот на судиите, па и на борачите.
Сами ја создаваат сликата за борењето тие што директно се вклучени во него, затоа од секое искуство може да се научи по нешто, па така, и како да се организира добар турнир со помалку средства. Не треба да се чека друг да ги решава работите, туку да се има поголема елоквентност. И, на некои незгодни прашања, да се одговори најискрено пред боречкиот аудиториум, при што комбинаторките на неадекватни решенија да се заборават навреме.
ipon.mk/В. Донев