Бени Османоски: Ќе го нокаутирам Субијак, за да не му помогнат судиите!

Plakat za Beni Osmanoski

Во сабота навечер Бени Османоски има профисионален меч во тајландски бокс против Словакот Давид Субијак, како дел од настанот „Стори“ во Швајцарија. Ова е реванш меѓу Османовски и Субијак.

„Подготвен сум за оваа борба. Тренирав секој ден по 5 часа. Имав слободен само во недела. Се подготвував со тренери од Швацарија, како тренерот од Топ тим Цирих, светскиот шампион Мирко Кухн. Имав помош и од познатиот тренер Маџ Репуци (Италија) од Про еволушн фајт клуб. Подготовките траеја еден месец, завршувајќи денес“, изјави за ipon.mk Бени Османоски.

Правел кардио тренинг. Работел на фокусери, техника ,снага, издржливост, многу видови на вежби, а најмногу спаринг борби со спаринг партнери кои биле над 86 кг.

Beni i sparing partnerite

„Се чувствувам дека сум многу добро подготвен за оваа борба, бидејки ми значи, се работи за реванш меч. Пред неколку месеци имавме меч со Субијак, кој заврши во негова корист со судиска одлука. И јас и публиката не бевме незадоволни. Сите видоа дека јас бев победникот на овој меч“, објаснува Османоски.

„Мојата цел е оваа борба да ја завршам со нокаут. Така што не ќе можат повторно да донесат лажна одлука судиите“, не уверува Османоски.

beni trening akcija

Во петок е прес-конференцијата и официјалното мерење за мечот, а во сабота навечер во периодот од 21 до 24 часот ќе се одржи борбата.

„Па, со Господ напред за Македонија, се ќе биде како што треба“, порача Бени Османоски -Д Дог.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО