Кумите тим жени: Не сметаа на нас, се радувавме, не разочараа, ама ќе освоиме медал за Македонија!

Reprezentativna trojka od makpetrol

Карате спортот има посебна магија кога се одржуваат екипните натпревари, тогаш се заборва се што се случувало во поединечна конкуренција, поради настапот под името на државата, бидејќи во поединечна прво се името и презимето на натпреварувачот дури потоа во заграда или со кратенка е обележана државата.

Во последните неколку години сите надежи се полагаа во машката кумите екипа, која, можеби, го има најквалитениот состав до сега. Но на Европското сениорско првенство во Турција, што се одржа во март, женската кумите екипа приреди вистинско изненадување, за малку фалеше да го освои бронзениот медал, што ќе беше најголемиот успех на македонското карате во екипните натпреварувања. И петото место е убав успех на нашиот млад состав: Наташа и Моника Стефановски, Симона Заборска (сите од КК Макпетрол) и Драгана Тодоровска (КК Металург).

Na piedestal na BP zenski tim

Годинава станавме комплетна екипа (Наташа, Моника, Симона и Сара). Го дадовме максимумот и покажавме дека може да се носиме со сите, како показател за тоа се победите на Балканското првенство против Хрватска и другите екипи од Балканот. Докажавме дека имаме кавлитет и дека може да се вмешаме во борбите за медали. Иако во поединечна конкуренција имавме послаб настап, максимално се посветивме на екипниот дел. Се бодревеме едни со други, затоа извојувавме три победи. Стигнавме до борба за бронзениот медал.Бевме премногу возбудени, но и сконцентрирани. Можеби до тој момент не бевме сериозно сфатени, но докажавме дека имаме квалитет. За наша несреќа во борбата за тертото место се боревме со Турција. За жал, иако го освоивме петото место, кое е услов за учество на првите Европски игри во Баку, Азербејџан, во поединечна конкуренција, за тимовите нема место на Игрите, – раскажува Моника Стефановска.

 Monika vo akcija

Навистина бевме многу блиску до освојувањето на медалот. Да не ни беше противник екипата на Турција, сигурно ќе го освоевме медалот. На првенството учествуваа 48 држави со 26 женски тима во борби екипно. Ова е рекорд на пријавени екипи. До борбата за медал имавме имавме четири натпревари. Ништо не ни недостигаше! Можам да кажам дека пресуден момент беше мојата борба. Во една тактичка борба направив поен, судијата го запре натпреварот, имаше три знамиња од аголните судии, што значеше дека треба да ми го доделат поенот, но турската натпреварувачка (Мерван Чобан) се фати за лицето за да го привлече вниманието на Бугарскиот судија (Ривов). Таа успеа во својата намера, судијата подлегна на итрината на турската спортистка и го поништи поенот,  мене ми даде казна за предозиран удар и натпреварот продолжи. Бидејќи не смеев да ризикувам, натпреварот заврши нерешено 0-0.  Со тој поен, ние ќе водевме 1-0 и ќе имавме голема предност. Наташа Стефановска исто така заврши со нерешен резултат 0-0,  додека Моника Стефановска загуби во третата последна борба. Ако јас победев, сигурно дека предноста ќе беше на наша страна, а во третата борба Моника ќе имаше задача само да ја зачува стекнатата предност. Цела сала свиркаше на одлуката на судијата кога ме казни, но домашниот терен беше пресуден момент за тој да донесе таква одлука. На крајот, го постигнавме до сега најголемиот пласман Петто место, што во досегашната историја на македонското карате ниеден тим, ниту во  машка ниту во женска конкуренција, не успеал да се качи вака високо, – раскажува со полно емоции за пропуштената шанса Симона Заборска.

Симона истакнува дека медалот многу ќе и значел, затоа што тренираат од мали, таа лично шест година, исто така и Наташа и Моника Стефановски, а со медалот ќе ги потврделе нивнита голема вредност и квалитет. Таа нагласувадека во екипна конкуренција немаме освеоно медал.Monika vo akcija zestoka

Во екипна конкуренција да се освои медал е најтешка работа бидејќи тоа е најтешка дисциплина. Конкуренцијата е огромна, има многу пријавени екипи и медалот за нас ќе значеше голема сатисфакција за понатамошната работа, но ќе имаше голема вредност и за помладите генерации кои доаѓаат по нас. Ќе им дадеше и поголема самодоверба и мотив за поголема работа, – смета Заборска.

Сите три велат дека се радувале кога влеглее во групата на петте најсилни европски нации. Чувство на голема гордост, кое може да се доживее само на репрезентативно ниво, а тоа е да бидеш во европскиот врв.

Се радувавме и поради фактот што некако цело време Карате федерацијата на Македонија како да немаше доверба во нас. На неколку наврати на неколку првенства претходно не не пријавуваа како екипа, за да ни дадат шанса да постигнеме резултат. Имале погрешна проценка. На Балканското првенство во Чачак, Србија, освоивме бронзен медал од 11 држави. Балканското се одржа на само 2-3 недели пред Европското првенство во Турција. Ние ја победивме екипата на актуелниот европски првак- Хрватска, со резултат 2-1, а ги победивме и девојките на Црна Гора со резултат 2-1. Црногорките исто така беа петти. Ова го кажувам за да се добие слика за нашиот квалитет како спортистки, бидејќи во првите пет тима имаше дури четири од балканските простори. Хрватска и Турција беа  медалистки, додека  Мкедонија и Црна Гора се петтопласирани. Овој податок говори и за квалитетот и силата на женското карате на овие простори, -објаснува Заборска.

 Natasa i monika so verginan vo pmladi denovi

За Европското првенство во Истанбул

Женскиот тим на Македонија во борби беше поразен во борбата за бронзата против домаќинот Турција, со 0-1. Претходно ја совладаа Романија 10-2, Норвешка 2-0, а во третото коло загубија од Хрватска со 0-2. Хрватките се пласираа за финалето со Русија, а во репасажот добивме шанса против Англија, која беше совладана со 2-0.

Нејзината сестра, која е еден од столбовите на нашиот репрезентативен тим, Моника Стефановска, е збунета од она што им се случи по враќањето од Европското првенство, затоа што сите беа убедени дека и тие, како и женскиот ката тим, обезбедија стипендии од Агенцијата за млади и спорт. Сепак, од страна на директорот на Агенцијата, Марјан Спасески, на прес-конфренција, и беше соопштено дека според Правилникот не ги исполнуваат условите, иако во изминатите години има примери кога се доделувани стипендии.

Наташа која директно и со најискрен младешки дух го постави истотопрашање на директорот на АСМ е категорична:zenska ekipa so peceСе разочаравме“!

Моника вели дека екипно е многу потешко да се направи резултат.

Екипниот медал има поголема вредност. Затоа сме разочарани, – истакнува Моника, а, пак, нејзината сестра нагласува дека се разочарни поради тоа што медалот и беше на дофат, но затоа што за петото место нема стипендии.

Како Наташа и Моника и Симона многу се разочарала од одлуката на АМС.

Претходно, АМС на неколку наврати, по ист основ, има дадено стипендии. Сега, кога дојде време ние да земеме, некако како да се повлекоа. Можеби, најголемо разочарување од се беше тоа што КФМ не не подржа во првиот момент и бевме оставени сами на себе. Потоа, писмото што го испрати нашиот клуб до КФМ, тие ја увидоа грешката и испратија допис до АМС, дека ние сме го постигнале резултатот и оставија тие да одлучат дали законски имаме право на стипендија или немаме. Јас сум оптимистка, мислам  дека сепак ќе ни ја доделат стипендијата, зашто стварно ја заслужуваме и има законски основ за тоа. Тоа ќе биде голем мотив за нас и за понатамошна работа, – тврди Симона.

Младешкиот и натпреварувачкиот карате дух не и дозвлува да паднат во своите сништа за високи дострели и да се откажат од зацртаните цели, но и да да докажат дека некој направил превид во нивниот успех.

Веднаш продолживме со работа. Ќе докажеме дека сме во врвот на светското карате. Не би требало да не демотивира тоа. Ќе се бориме и ќе гледаме да успееме, и како репрезентативен тим и како клуб. Работиме и даваме максимална енергија и се однесуваме професионлано кон спортот. Тоа е спортот, и победи и порази. Никогаш не треба да се откажеме, – категорична е Наташа.

На сето ова Моника ќе додаде: „Може многу брзо да се случи да освоиме медал од европско или светско првенство, но и индивидуално некој од екипата ќе освои медал“.

Тие жалат што не се најдоа на првите Европски игри во Баку, затоа на Мартин Несторовски и Емил Павлов им посакуваат успех.

Нивните подготовки се насочени кон Универзитетското европско првенство во Црна Гора во јули, за продолжението на Карате 1 Премиер лигата во септември и за Европското првенство за сениори идната година. Премир лигата ќе им послужи за подигање на формата, бидејќи таму се најкавлитетните каратисти.

Моника вели дека каратето и помага да се изградат во добри личности, а Наташа нагласува тоа и помага да се справат со предизвиците што ги носи животот и да си ја задржат крајната цел што си ја поставиле.

Поради возраста, но и сличноста, раскажуваат сестрите, судиите често пати ги мешале, дури им сугерирале дека не може да настапи некоја од нив зашто веќе настапила.

Simona Zabosia

Симона ќе и се посвети на студиите на Филолошки факултет- англиска книжевност, за да го да го надополни заостанатото. Таа ќе рече:„Едноставно, нашиот живот е Каратето“. Посочува дека одат и на многу светски кампови каде што тренирааат со светската карате елита.

Сепак за сите нив има проблеми, кои можеби на другите не им се прифатливи, односно дека тренираат по два пати на ден, при што мора да се откажат од се и од приватниот живот, додека нивните врсници излегуваат и се забавуваат. Не смеат да ја покачат килажата, да се опуштат.

Затоа, сега сакам малку да се одморам, да закрепнам и потоа во јули да почнам со нова периодизација за следната година. За да се постигне врвен спортски резултат, мора да се има и врвен однос кон спортот. Во сениорска конкуренција, јас веќе две години сум балкански вицешампион во мојата тежинска категорија -55 кг. Тоа, секако, говори дека имам големи спортски квалитети, иако се уште сум јуниорка (У21). Во следниот временски период моја цел ќе биде тренирање со најдобрите од европа и освојување на сениорски европски или светски медал, – потенцира Заборска.

makpetrol kk

Наташа,Моника и Симона израснале заедно и затоа медалот ќе значи заокружување на нивната заедничка работа. За две години очекуваат засилување од јуниорскиот погон, а тоа се Моника Пендаровска, Ангела Мојсовска и Ева Блажевска, што ќе биде предуслов за поголема плотеност за успеси во европси и светски рамки. Со Драгана од Металург приватно се дружам и ја почитуваат. А Симона ќе рече: „И со неа заедно тренираме, бидејќи и нашите клубови (Макпетрол и Металург), имаат пријателски односи и подолг временски период функциониравме како еден клуб. Соработуваме на сите полиња од нашиот живот“.

Наташа Стефановска (1989 г.)

Учествувала на 104 натпревари во сите конкуренции, и со репрезентацијата и со Макпетрол

 62 пласмани до 9-то место- (24 златни медали- 12 сребрени-15 бронзени)

111 борби (48 победи-31 пораз-4 нерешени)

181 освоени поени – 137 изгубени поени

Медали во поединечна конкуренција: 43 (19-11-13)

Медали во екипна конкуреција: 10 (6-1-3)

Позначајни медали:

Универзитетски супершампион 2006 – 2-ро 

Карате 1 Премиер лига 2012 сениори – 2-ро -61 кг

ЕП за јуниори до 21 год во Турција – 3-то место

Медитеранско првенствоза сениори – 2-ро место екипно

Европско Универзитетско првенство во Босна и Херцеговина – 3-то место,

Балканско првенство за сениори Чачак-Србија 2015 г. – 3-то –поединечно и екипно

Европксо првенство за сениори Истанбул-Турција 2015 г. – 7-мо поединечно и 5-то екипно

Повеќекратен државен првак – 8 години во поединечна конкуренција, плус со екипата на Макпетрол

3 медали од Светските лиги и многубројни пласмани.

Моника Стефановска (1991 г.)

Учествувала на 107 натпревари

63 пласмани до 9-то место-49 медали (26-12-11)

105 борби (34 победи-34 порази-4 нерешени)

160 освоени поени – 154 изгубени

Медали во поединечна конкуренција: 44 (22-11-11)

Медали во екипна конкуренција: 9 (6-2-1)

Позначајни медали:

Балканско првенство за кадети, јуниори и У-21, 2011 г. – бронзен медал-јуниорки до 21 г.

Медитерански првенство за сениори Бари-Италија 2014 г.- бронзен медал -68 кг

Медитеранско првенство за сениори во Бар, Црна Гора – 3-то место,

Медитеранско првенство за сениори – 2-ро место екипно,

Балканско првенство за сениори Чачак-Србија 2015 г. – бронзен медал – екипно

Европксо првенство за сениори Истанбул-Турција 2015 г. – 5-то место –екипно

ЕП за сениори во Унгарија 7-мо место

Повеќекратен државен првак во поединечна конкуренција 6 години, плус со екипата на Макпетрол

Спортистка на годината – 2011 година.

 Симона Заборска (1994 г.)

Учествувала на 114 натпревари

82 пласмани до 9-то место- 75 медали (36-17-22)

131 борби (70 победи-37 порази-5 нерешени)

248 освоени поени – 110 изгубени

Медали во поединечна конкуренција: 44 (22-11-11)

Медали во екипно со Макпетрол: 10 (8-2-1)

Позначајни медали:

Балканско првенство за кадети 2008 – бронзен медал

Златна лига-Италија опен 2009 и 2010 – бронзен медал

Златна лига- Истанбул 2009 – бронзен медал

Медитеранско првенствојуниори-Кипар 2011- бронзен медал

Балканско првенство јуниори 2011 – бронзен медал

Европско првенство за јуниори Баку, Азербејџан, 2011- бронзен медал

Златна лига-Милано опен 2012 – среберен медал

Медитеранско првенство јуниори 2013 – бронзен медал

Балканско првенство јуниори 2013 – бронзен медал

Светско сениорско првенство Бремен, Гермаија, 2014- девето место

Балканско сениорско првенство Охрид 2014 – сребрен медал

Балканско првенство за јуниори Софија 2014 – бронзен медал

Балканско првенство сениори Чачак 2015 – сребрен медал и бронзен медал (екипно)

Од 2004 година до денес таа државен првак во поединечна и екипна конкуренција, почнувајќи од детска конкуренција па до сениорска.

 ipon.mk/В. донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО