На Вајлдер му е препорачано да го одбере Ото Валин за повратничката борба

Аргументите за оваа борба се повеќе од легитимни.

Поранешниот светски шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, се оддалечи од медиумскиот живот и е прилично тивок што се однесува до продолжувањето на неговата боксерска кариера по последниот пораз од Тајсон Фјури. Да потсетиме, Фјури и Вајлдер направија трилогија во борбата на годината, класика и трилер што ретко се гледа во денешниот бокс. Борба од која не би се срамеле ниту најдобрите боксери од ерата на Мухамед Али или Мајк Тајсон.

Во борбата видовме вкупно четири нокдауни, по два на двете страни. За оние кои можеби не ја гледале целата борба, ова би звучело како борбата да била прилично изедначена, но тоа не е толку блиску до вистината. Фјури го надбори Вајлдер и покажа дека победата од нивниот втор меч не е случајна, но Вајлдер не се откажа и благодарение на неговата истрајност и воинственост видовме борба за паметење.

Многумина го критикуваа Вајлдер како боксер кој технички не е поткован и кој во кариерата се потпира само нокаут ударите, но тоа не е баш точно. Вајлдер имаше солидна аматерска кариера во која освои бронзен олимписки медал, што е речиси невозможно за технички неквалификуван боксер.

Познатиот боксерски промотор Дмитри Салита верува дека Дионтеј Вајлдер и Ото Валин треба да направат борба во која влогот ќе биде привремена титула на ВБЦ додека Фјури ја чека одлуката за пензионирање. Тој зборуваше за Vegas Insider за деталите и причините.

„Дионтеј Вајлдер е совршен противник за Ото Валин бидејќи тој му ја пружи на Тајсон Фјури можеби најтешката борба во неговата кариера. И тоа е факт. Ако Вајлдер сака да докаже дека се уште е на врвот на дивизијата, нема подобар противник од Ото Валин. Ото се искачува на скалилата благодарение на неодамнешните победи. Тој се бореше двапати оваа година и беше одличен, а тоа покажува колку е сериозен во кариерата.

Ото Валин го претрпе единствениот пораз во кариерата од Тајсон Фјури, а во таа борба се покажа како многу добар боксер и беше многу блиску до победа. Да потсетиме, Фјури успеа да ја доведе таа борба до судиската одлука исклучиво благодарение на врвниот „кутмен (човек во аголот)“ кој успеа да го запре тешкото крварење од неговата аркада. По тој пораз забележа четири победи и моментално се наоѓа на 13-тото место на ранг листата на BoxRec.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО