Финалето на Регионалната бокс лига закажано за четврток на плоштадот во Скопје

Финалето на Регионалната бокс лига е помесетно за четврток, бидејќи за петок е најевно дека ќе врне дожд во Скопје.

Во главниот град на Македонија се одржува Плејоф Фајнал фор на РБЛ, односно полуфиналните борби и финалето.

Боксерите успешно го минаа мерњето за полуфиналните средби Лозница-Витезови и Црвена ѕвезда-Железничар кои на програмата се утре на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Средбата меѓу Лозница и Витезови од Загреб ќе почне во 17 часот, а пресметката меќу Црвена ѕвезда од Белград и Железничар од Сараево во 20 часот.

Финалето е на 16 јуни со почеток во 20 часот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО